Научниците од Државниот универзитет во Ајова тврдат дека еден час трчање ви го продолжува животот за 7 часа.
Истражувањето е продолжение од претходно истражување од 2014 година кое открило дека трчањето 5-10 минутни дневно е поврзано со намалување на ризикот од смрт од било кои причини и од кардиоваскуларни болести. Истражувањето за анализа ги користело податоците спроведени од страна на Институтот Купер од Далас.
Фото: Freepik
„Можете да ѝ избегате на смртта“
Консолидирајќи се со претходните наоди, професорот по кинезиологија, Дак Чул Ли заедно со неговиот тим откриле како нивните податоци посочуваат на тоа дека трчањето го намалува ризикот од прерана смрт на една личност за цели 40%, без оглед на темпото или километражата помината за време на трчањето.
Исто така, главниот заклучок од истражувањето во 2014 година беше дека трчањето му враќа повеќе време на една личност отколку што таа поминува во трчање.
Имено, ако сите оние кои учествувале во истражувањето трчале, би имало помалку смртни случаи за 16%, и за 25% помалку фатални срцеви напади.
Седум часа
Заклучокот дека животот се продолжува за 7 часа бил направен врз основа на овие претпоставки: Два часа тренирање неделно се претвораат во помалку од 6 месеци од вашиот активен живот од 40 години.
Ова би продолжило поголем животен век од 3.2 години и нето добивка од 2.8.
Иако сето ова значи 7 часа продолжен живот за секој час поминат во
трчање, сепак професорот Ли истакна дека трчањето не може да ве направи бесмртни.