Ако сте студент кој својата професионална ориентација сака да ја насочи кон психотерапија или едноставно сте љубител на психологија и сакате да дознаете нешто повеќе за психотерапијата - ова е настан за вас!
Здружението на студенти по психологија ЗСП „ПСИХЕСКО“ организира дводневен настан на тема Психотерапија и психотерапевтски правци . Настанот ќе за одржува 30.10.2015 година (петок) и 31.10.2015 (сабота), во просториите на Филозофскиот Факултет.
Цел на настанот е запознавање на студентите и останатите заинтересирани граѓани со поимот психотерапија, нејзините цели и задачи, како и запознавање со некои од најчестите психотерапевтски правци. Истиот ќе биде исполнет со предавања и интерактивни работилници од страна на реномираните психотерапевти во Р.Македонија.
„Психеско “ве поканува на отварањето на „Психескоп - Студентска научно-едукативна дружба vol. 2” на 30. 10.2015 година (петок) во 16:00 часот, во просториите на Филозофскиот Факултет.
Влезот е бесплатен!
Повеќе инфорамции за настанот и официјалната агенда може да најдете на
https://www.facebook.com/events/944508295639476/
Агенда:
30.10.2015 (Петок)
16:00 - 16:30 Регистрација на учесниците и отварање на настанот
16:30 – 16:45 Свечено отварање на настанот и обраќање на членството на здружението за студенти по психологија ,,Психеско,,
16:45 – 16:55 – Обраќање од Комора на психолози
16:55 – 17:05 – Обраќање од проф. Д-р Емилија Стоименова Цаневска, потпретседател на Македонска Психотерапевтска Асоцијација, клинички психолог , Гешталт бизнис консултант, супервизор, тренер и терапевт, основач на Гешталт институтот „Гешталт институт“ - Скопје
17:05 – 17:15 – Обраќање од Биљана Копрова, клинички психолог, Гешталт супервизор, терапевт и тренер, основач на Гешталт институт „Советувалиште за хумана соработка“
17:15 – 17:25 – Обраќање од проф. Д-р Благица Ризоска, Гешталт терапевт, тренер и супервизор, претседател на Гешталт здружение „Контакт“
17:25 – 18:00 Воведно предавање “Психотерапијата и психотерапевтските школи - различните приоди и техники” (м-р Марија Штерјовска, гешталт терапевт / Гешталт Институт Синергија)
18:00 – 18:45 Предавање - Трансакциска Анализа (Станислав Петковски / Консултативно – едукативен центар ,,Модус Центар”)
18:45 – 19:00 Пауза
19:00 – 20:15 Работилница – Трансакциска Анализа (Станислав Петковски / Консултативно – едукативен центар ,,Модус Центар”)
20:15 – 20:30 Затворање
31.10.2015 (Сабота)
10:30 - 11:15 Предавање – Гешталт Психотерапија (проф. д-р Емилија Стоименова Цаневска , м-р Фросина Ристовска ,,Гешталт институт - Скопје)
11:15 - 12:30 Работилница – Гешталт Психотерапија (м-р Снежана Андреева и Лидија Попчева / Гешталт институт ,,Аспекти” )
12:30 – 13:00 Пауза
13:00 – 13:45 Предавање – Психодрама (Маргарита Николовска / Центар за психотерапија и едукација ,,Амигдала”)
13:45 – 15:00 Работилница – Психодрама (м-р Мирјана Јовановска Стојановска , м-р Илија Дојчиновски / Центар за психотерапија и едукација ,,Амигдала”)
15:00 – 15:15 Пауза
15:15 – 16:00 Работилница - Гешталт (гешталт терапевт Ана Попризова и гешталт терапевт Каролина Костадиновска, Гешталт Институт Синергија)
16:00 – 17:15 Работилница
17:15 – 17:30 Пауза
17:30 – 18:45 Предавање – Системска семејна психотерапија (Прим. Д-р Славица Гајдаѕис – Кнежевиќ / Институт за брак , семејство и системска пракса ,,Алтернатива”)
18:45 – 20:00 Работилница - Системска семејна психотерапија (Прим. Д-р Славица Гајдаѕис – Кнежевиќ / Институт за брак , семејство и системска пракса ,,Алтернатива”)
20:00 – 20:15 Затворање на настанот
Влез: Бесплатен!