X
 31.10.2015 Технологија

Што открива детекторот за лага?

Познато е дека луѓето лажат и тоа поради различни причини. Тие често го прават тоа за да избегнат несакани ситуации или да сокријат нешто.

 

детектор


Исто така, во зависност од тоа колку „лажгото“ знае да лаже, можеме да забележиме кога некој лаже, односно не можеме кога некој вешто лаже.

За да се откријат лагите во некои од најважните процеси како што е на пример студската постапка или откривањето на криминалците, често пати се користи полиграфот - помагало наменето за откривање кога некој лаже.

Како функционира детекторот за лаги?


Детекторот за лаги, односно полиграфот, се користи впри испитување на осомничен за некој пристап. Кога осомничениот ќе се поврзе со полиграфот, него му се поставуваат одредени прашања со цел да се дојде до вистината или барем да се открие лагата.

Тогаш полиграфот следи како се однесува испитаникот. Погрешно е да се каже дека полиграфот може да препознае и открие лага. Тој прави нешто друго.

Кога ја кажуваме вистината нема потреба и не постои причина зошто би биле немирни. Ако немате намера да скриете нешто, во текот на испитувањето би требало да бидете целосно мирни и сталожени, а тоа може да се забележи по начинот на кој се однесуваме начинот на кој дишеме и каков ни отчукува пулсот.

Токму тогаш настапуваат предностите на полиграфот во однос на луѓето. Тој може да детектира промени во организмот кај осомничениот кога ќе дојде до „скокотливи“ прашања, на кои може да се одговори вистинито или да се излаже.

Кога испитаникот ќе започне да се однесува различно, односно кога отстапува од дотогашниот начин на кој се однесувал, детекторот на лаги може да ги прикаже овие промени, а оние кои го испитуваат осомничениот знаат кои прашања понатаму треба да му бидат поставени за конечно да дојдат до вистината.

Што мери детекторот за лаги?

Детекторот е составен од повеќе медицински инстурмени кои се користат за да се „измерат“ промените кои се случуваат во телото. Тој ги мери отчукувањата на срцето, крвниот притисок, дишењето и електродермалната активност, односно потењето кое најчесто е изразено на дланките и прстите.

Дали може да се измами детекторот за лаги?

Луѓето на различни начини се обидувале да го измамат детекторот за лаги во текот на испитувањето како на пример земање на различни седативи за да останат мирни до крајот на испитувањата или ставање на дезодоранс на прстите за да не потат; би избрале облека која не покажува несоодветни и неочекувани движења на телото и слично.

Со оглед на тоа што целта е да се намали одредена реакција или да се повторуваат истите реакции после секое прашање за да не се направи ризик во однесувањето при лажење и кажување на вистина. Оној кој може да биде успешен во контролирање на пулсот и дишењето како и останатите движења на телото, толку тој има поголеми шанси да успее да го измами детекторот за лаги.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија