X
 11.11.2015 Здравје

Ретка болест од која боледуваат само 35 луѓе во светот

НИА 

 

17 годишната Ниа Селвеј трпи ужасни болки секојден, но не може да заплаче.


Имено, таа е толку алергична на вода што дури и сопствените солзи и` предизвикуваат ужасна алергија. Ниа е една од 35-те луѓе во светот кои патат од ретката медицинска состојба која се нарекува аквагенична уртикариа.

Таа може да пие вода и да ги мие рацете без никаков проблем меѓутоа останатите делови од телото се погодени со алергија.

„Да се живее со оваа болест е вистински кошмар. Кога водата ќе дојде во допир со мојата кожа чувствувам како кожата да ми гори. Предизвикува ужасна болка“, вели тинејџерката.

 


Првите симптоми од оваа болест се појавиле кога имала само 5 години. На почетокот на знаела за што станува збор - подоцна и` била поставена дијагноза, а за оваа болест се`уште не постои никаков лек.

„Се обидувам да се туширам на брзина, додека болката не стане неподнослива“, вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје