Нова студија на кинески научници открива дека нов вид антидепресив, ансофаксин хидрохлорид, потенцијално може да го спречи растот на клетките на ракот на дебелото црево и да ја подобри способноста на имунолошкиот систем да предизвика програмирана смрт на клетките на туморот кога се комбинира со антитуморни лекови.
Иако не е тестиран на луѓе, лекот покажа значајни придобивки кај глувците. Со комбинирање на антидепресивот со имунотерапија се постигнала целосна елиминација на туморот во 20 отсто од случаите, воспоставувајќи потенцијален долгорочен имунитет.
Кинеските научници признаваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди ефикасноста на овој лек во лекувањето на ракот.
Антидепресивот ансофаксин хидрохлорид е ефикасен во третманот на депресивни нарушувања и се покажал како поефикасен во контрола на туморот од други антидепресиви. Истражувањата покажуваат дека психолошкиот стрес и депресијата можат да го зголемат ризикот од рак со потиснување на имунолошките реакции.
Сепак, истражувањето сè уште е во рана фаза и спротивставени студии сугерираат потенцијални ризици од рак поврзани со употребата на антидепресиви.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Unsplash