X
 19.11.2015 Живот

Аналитички или интуитивен ум - каков е вашиот?

Даниел Канман е добитник на Нобелова награда за економија во 2002 година. Меѓутоа, тој е психолог. За време на својот говор на доделувањето на наградата во Стокхолм, тој зборувал дека некои луѓе размислуваат рационално, а други интуитивно.


Шејн Фредерикс е друг психолог кој го потврдува ова тврдење. Тој дури направил краток текст со кој секој човек може да открие како размислува. Тестот решете го во продолжение.

Одговорете на следните прашања:

- Доколку пет ленти за пет минути прават пет производи, колку време е потребно за 100 ленти да направат 100 производи?

- Во едно езеро се наоѓа лотос. Секој ден, овој лотос се зголемува двојно. Доколку се потребни 48 дена за лотосот да го покрие целото езеро, колку дена се потребни за покривање на половина езеро?

- Палката и топката заедно чинат 1 долар и 10 центи. Палката чини еден долар повеќе од топката. Колку чини топката?


Кои се разликите меѓу луѓето со аналитички и оние со интуитивен ум?

- На првото прашање, аналитичкиот ум би одговорил 5 минути, а интуитивниот 100 минути.

- На второто прашање, аналитичкиот ум би одговорил 47 дена, а интуитивниот 24 дена.

- На третото прашање, аналитичкиот ум би одговорил 5 центи, а интуитивниот 10 центи.

Доколку имате два или три аналитички одговори, тогаш сте аналитички тип на мислител, а доколку сте одговориле само едно или ниедно аналитички, тогаш сте интуитивец.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот