X
 24.01.2017 Живот

Зошто жителите на Бутан се еден од најсреќните народи на светот?

Во последните неколку години, Бутан неколку пати се најде на скалата на најсреќните земји во светот. Иако среќата е субјективен поим што не може едноставно да се измери, жителите на ова кралство кое е сместено на Хималаите, се чувствуваат среќни заради една многу специфична причина.

Тие секојдневно размислуваат за својата смртност. И обично тоа го прават барем петпати на ден.
Луѓето од Западот не сакаат да размислуваат на смртта и ја избегнуваат таа тема на сите можни начини. Бутанската логика, од друга страна, истакнува дека избегнувањето на смртта предизвикува страв од сопствената смртност и претставува сопирачка во животот.

Тие знаат дека смртта е составен дел од животот и дека игнорирањето на тој факт резултира со многу психолошки проблеми и сè поголемата појава на панични напади и депресија во развиените земји од светот.

Нивната филозофија ја прифати и Линда Лиминг, авторката на книгата „Пат до среќата: Што научив во Бутан за животот, љубовта и будењето“.

„Сфатив дека размислувањето за смртта не ме депримира. Напротив, заради тие мисли сакам да го живеам секој момент целосно, а забележувам и работи кои инаку не би ги забележала. Мојот најдобар совет е – одете во Бутан. Размислувајте за незамисливи работи кои ве плашат неколку пати дневно“, препорачува таа.

butan
Фото: Freepik

Смртта е незаобиколен дел од бутанската култура и тоа се забележува особено во будистичката иконографија. Никој не е поштеден од размислувањето за смртноста, дури ни децата. Кога некој ќе умре, за него се жали низ детален ритуал што трае 49 дена.

Бутанците веруваат во реинкарнација и некои експерти веруваат дека тоа е дополнителна причина за нивната среќа. Имено, кога поединците веруваат дека повторно ќе се вратат на овој свет во некаква форма, се намалуваат шансите да се чувствува страв заради прекин на моменталниот живот.

Будистите велат дека стравот од смртта не треба да биде поголем од фрлањето на износената облека.

Ваквите верувања на луѓето од Истокот се потврдени и од една западна студија од 2007 година спродевена на универзитетот во Кентаки од психолозите Нејтан Девол и Рој Баумситер. Тие потврдиле дека стравот од смртта е психолошка закана, а доколку за тоа свесно се размислува, се покренува автоматскиот систем за потрага по среќата.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот