Живееме во општество во кое секој се споредува со некого. Ова нè остава со страшни чувства - љубомора и завист. Игор Калашников е уметник кој го илустрираше овој проблем и покажа дека сето тоа што го правиме е безначајно бидејќи треба да го цениме она што го имаме.
„Би било топ да летам со хеликоптер, без сообраќаен метеж и со поглед кон градот...“
„Тоа не е автомобил - тоа е уметничко дело! Никогаш нема да заработам доволно за да возам таков автомобил.“
„Уф, колку добар автомобил. Моќен, просторен. Девојките занемуваат пред таков автомобил.“
„Момчево е толку среќно што вози Форд! Сигурно има клима, сè! И сигурно не се расипува на секои 100 километри!“
„Велосипедот е топ, секако, но замисли да ги дишеш сите тие издувни гасови секој ден. Доаѓаш на работа испотен и што кога врне? Тој сигурно се чувствува добро во автомобил, удобно. И може да го затвори прозорецот ако треба...“
„Пак ми избега автобусот. Сега треба да одам на работа пеш. Ако имав велосипед ќе можев да одам на работа сам и би бил во одлична форма.“
„Се прашувам зошто момчево е толку несреќно? Можеби оди на работа која не ја сака? Барем тој може да оди кадешто ќе посака потоа...“