Националната установа Филмски центар „Вардар филм - Македонија“ - Скопје
склучи договор за соработка со Македонски Телеком АД - Скопје, за прикажување на
македонски филмски класици во Видеотеката на МаксТВ, по барање од страна на
корисниците на МаксТВ-услугата на МКТ на територијата на Република Македонија.
Со првиот пакет филмови во Видеотеката на МаксТВ поставени се 15 македонски
филмови, и тоа: „Хај - Фај“ во режија на Владимир Блажевски (продукција во 1987); „Три
Ани“ на Бранко Бауер (1959); „Среќна Нова ’49“ на Столе Попов (1986); „Планината на
гневот“ на Љубиша Георгиевски (1968); „Тетовирање“ на Столе Попов (1991);
„Австралија, Австралија“ на Столе Попов (1976); „Дае“ на Столе Попов (1979); „До
победата и по неа“ на Жика Митровиќ (1966); „Мис Стон“ на Жика Митровиќ (1958); „Под
исто небо“ на Миомир Стаменковиќ и Љубиша Георгиевски (1964); „Солунските
атентатори“ на Жика Митровиќ (1961); „Републиката во пламен“ на Љубиша
Георгиевски (1969); „Црно семе“ на Кирил Ценевски (1971); „Црвениот коњ“ на Столе
Попов (1981); и „Цената на градот“ на Љубиша Георгиевски (1970).
Аудиовизуелните дела продуцирани од страна на Филмскиот центар „Вардар
филм“ се достапни за корисниците на МаксТВ услугата на Македонски Телеком АД -
Скопје од 20.11.2015 година.
Пакетот ќе се дополнува со дела од ризницата на Филмскиот центар „Вардар
филм - Македонија“, со што оваа национална установа, покрај својата основна дејност
на обезбедување техничка поддршка за филмските продукции, интензивно и посветено
работи и на промовирањето на македонската филмска уметност.