X
 10.12.2015 Технологија

Посилни и полесни материјали за производство на автомобили од Форд

Во автомобилската индустрија сè почесто се произведуваат и бараат возила кои се направени од полесни материјали. Сето ова е поврзано со испуштањето на јаглерод диоксид, кое е помало доколку возилото има помала тежина. Дури и на своите почетоци, главниот непријател на компанијата била непотребната тежина. Тоа е главната цел позади производството на алуминиумските возила на „Форд“.


Изминатата недела беше одржана работилница за иновации од „Форд“ во Ахен, Германија. Таму имавме можност да го видиме првиот теретно возило со целосно алуминиумско тело. Годишното производство на алуминиумското возило е поголемо од целосниот број на алуминиумски тела произведени во целиот свет.



   

Сепак, челикот останува главен материјал за производство на автомобилски тела бидејќи е поевтин и полесен за обликување. Кога станува збор за овој материјал, многумина би се прашале зошто се работи на истражувања на челикот кога веќе се користи долго време.

Новиот челик произведен од „Форд“ е 45 посилен од класичниот челик кој се користи во автомобилската индустрија. Со самото тоа, возилото направено од овој нов челик ќе биде многу побезбедно од останатите.

На работилницата на иновации во Ахен беше демонстрирана споредба на двата видови челик - типичниот и новиот. Двата материјали беа удрени од повеќетонски предмет, а потоа беа споредени. Разликата беше воочлива.





Поддржано од „Ford | Ми-Да Гранд Моторс“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија