X
 11.12.2015 Образование

Коста Петров: Претстои тешка година за глобалниот бизнис свет

Коста Петров е колумнист во Huffington Post, автор на повеќе книги, основач на компанијата „Пи Ворлд" која се занимава со организација на настани низ светот. Овој успешен млад човек за Факултети.мк кажува што е она што според него ја одбележа изминатава година.

Што е она по што ќе ја паметите 2015-та година?

Ова беше година исполнета со многу успеси но и многу научени лекции. Особено сум горд што нашата компанија, „Пи Ворлд", оваа година успешно се позиционира во пет нови земји а круна на нашата петгодишна работа беше нашиот настан во Иран, кој всушност беше првиот интернационален маркетиншки настан органзииран во оваа земја. Поради намалената цена на нафтатата, како и политичката ситуација во некои од земјите каде што работиме, моравме сериозно да ја промениме нашата бизнис стратегија. Поминавме многу непреспани ноќи, но се` на се` мислам дека оваа година научивме многу лекции кои ќе ни помогнат во нашата експанзија следната година. Најубавите моменти оваа година ги поминав со мојата сопруга и мојата ќерка, која знае да ме орасположи и тогаш кога ми е најтешко. Оваа година всушност и научив дека успехот на мојата компанија не ме дефинира мене како човек. Многу е поважно да бидам добар сопруг и татко.

Што очекуваш и што би сакал да се промени во 2016-та година?

Искрено мислам дека 2016-та година ќе биде доста тешка година во глобалниот бизнис свет. Искрено се надевам дека ситуацијата во Средниот Исток делумно ќе се стаблизира и можеби ќе ме сфатите погрешно но оваа година поскаувам и да се крене цената на нафтата. Хахаха (сите што работат во Средниот Исток ќе ја сфатат мојата желба). На личен план, очекувам да престанам да бидам толку емотивно поврзан со мојата компанија и да поминам што повеќе време со мојата ќерка.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование