Секоја уметност е субјективна, но овде, пораката изгледа прилично јасна. Бенкси има нов графит, а на него се наоѓа Стив Џобс како сириски бегалец со стар компјутер во раката. Графитот се појави во град во Франција, пренесува „Daily beast“.
Џобс бил син на сириски азилант, а сликата на Бенкси има цел да ги покаже поволностите кои може да ги донесат сириските бегалци во секоја земја.
„Честопати
веруваме дека миграцијата е цедење на ресурсите на една земја, но Стив Џобс бил син на сириски мигрант. Apple е најпрофитна компанија во светот, плаќа над 7 милијарди долари годишно во даноци и постои само затоа што пуштиле млад човек од Хомс“, напишал Бенкси во изјава за „Телеграф“.