Наводно Кина ја укина својата долгогодишна политика на едно дете, која прв пат беше донесена пред неколку децении во обид да се запре пренаселеноста.
Населението на Кина се приближуваше до 1 милијарда пред да биде воведена политиката за едно дете во доцните 1970-ти. Исклучоците биле направени само во случај на етнички малцинства и рурални парови, со што понекогаш се дозволуваа две деца.
Законот и не беше баш поздравен, а постојат и некои ненамерни последици, вклучувајќи го и насочувањето на населението кон мажите и непропорционалната застапеност на стари и изнемоштени лица.
Сега, наводно, во напор да се донесе во баланс демографијата во Кина, оваа земја го поништува законот, и на паровите им е дозволено да имаат по две деца.
Денешната популација е околу 1.4 милијарди после владеењето на политиката околу 35 години. Само времето ќе покаже како укинувањето на законот ќе влијае врз бројките.
Линк до галеријата.