X
 30.03.2026 Живот

Индонезија ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години

Индонезија воведе забрана за користење на социјалните мрежи за околу 70 милиони деца помлади од 16 години.

„Јутјуб“, „Тик-ток“, „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тредс“, „Икс“, „Бигo лајв“ и „Роблокс“ ќе мора да ги деактивираат сметките на малолетниците или да ги приспособат старосните ограничувања.

Министерот за комуникации на Индонезија, Меутја Хафид, предупреди дека не постои простор за компромис и дека прекршувањето на прописите ќе се казнува парично или со суспензија на профилите.

„Тик-ток“ веќе ги приспособи своите профили, додека другите платформи мора да се усогласат со законот.

Одлуката на Индонезија ги следи другите земји што ги заоструваат мерките за заштита на децата на социјалните мрежи, вклучувајќи ги Австралија, САД, Обединетото Кралство и Франција, поради загриженост за менталното здравје и изложеноста на штетна содржина.

Извор: 021.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот