X
 20.12.2015 Живот

Јанко Илковски: "Ја имавме најтешката година, не` очекува уште потешка"



Јанко Илковски е долгогодишен новинар и водител. Повеќе од една деценија ја води емисијата Јади Бурек. Во ова интервју за Факултети.мк дава оценка за годината што изминува, а споделува и мислења за тоа, каква ќе биде претстојната 2016-та.

Факултети: Што е она по што ќе ја паметиш изминатава година?

Јанко Илковски: Годинава на заминување ќе ја паметам од два аспекти - личен, професионален и општо политички. Од лично-професионален аспект ќе ја паметам по тоа што бев ставен на тест, тест на професионалност и издржливост. Беше отворена стрелна сезона за мене од луѓе кои гравитираа од најсомнителен морал и етика, до оние кои се извикани како значајни јавни личности и респектирани во општеството. Во ниту еден миг не се поколебав во себе затоа што имам прилично јасна слика за тоа што сум, кој сум и моите ставови се многу цврсти и тешко, дури и под најголема присила и притисок дека можам воопшто да ги сменам. Tолку се силно закоравени во мене што дури ми оневозможуваат ни да се корумпирам ако дојде прилика на искушение да сменaм став поглед, направам нешто за што лично ниту се залагам ниту верувам во тоа.

Искушенија има, и такви кои изгледаат навидум оправдани и такви кои се сосема спротивни, агресивни, нападни, заканувачки. Но, успеав да го задржам дигнитетот и да постапам онака како што само смирен човек би постапил. А јас не сум смирен човек, многумина посмирени на мое место ќе беа далеку порадикални кога се во прашање напади врз семејството, децата, сопругата. Јас бев изложен колку на лични напади толку и напади на моите најблиски. Ужасно е тешко во таков миг да задржиш присебност, да не дозволиш да паднеш на нивнито ниво, да не преземеш радикални чекори, не да бидеш пасивен примател на удари туку во таа ситуација да најдеш валиден цивилизациски модус како да ставиш блок, одбрана, да бидеш етичен и човечен па конечно да оставиш добар впечаток не само на луѓето, туку и на Бога.

Моите ставои кои за жал или среќа не можам да ги сменам и траат веќе многу децении, се дека сум прво христијанин, а потоа се друго, Македонец, човек. Сум против фашистички и комунистички тоталитаризам, ја почитувам црквата, идентитетот на мојот народ и култура бидејќи на таков начин чувствувам дека давам почит на блиските кои не се повеќе со мене, родители, дедовци, прадедовци сите оние кои ргале низ животот за да јас еден ден сум ова и бидам тука. Го почитувам секој оној кој гради, а не руши, кој дава работа, а не брка и оттука произлегуваат сите мои ставови и дејствувања. Јас немам книшка ниту можам да имам, јас се крстив во црква и сум православен христијанин со активен црковен живот, тоа е мојата партија и никоја друга.

Се` она што е зад овие мои постулати ја има мојата поддршка, проблемот кај дел од јавноста е што јас не се срамам ниту плашам да го кажам јавно ниту сакам да бидам сфатен како неутрален. Јас не ја сакам неутралноста. Почитувам луѓе со став дури и да е базиран на емоции, а не на факти, но барем е став, а ставот говори дека си зоон политикон дека имаш когнитивен процес и дека еволуираш. Борбата да е тие ставови да се градат и врз факти, реални и да кореспондираат со она што му треба на народот и да се помага.

На вториот план, општата политика ја имавме најтешката година од 2001, обиди за државен удар, психолошка војна, тортура и мобинг врз целиот народ за наводна борба против криминалот која се сведе на фарса. Ако од ова оваа година не излеговме попаметни и посвесни, тешко нас. Голема игранка ни се спрема, се создава и чисти простор не за рушење на една власт, туку создавање на четирипартитна власт, без оглед на волјата на мнозинството, идејата е да се направи некаково си колективно претседателство - влада како во екс ЈУ од четирите главни партии, кои би влегле во власта, да се ослаби позицијата максимално, а не да се сруши затоа што има огромно влијание врз народот кој им дава огромна поддршка. Кога ќе се направи вакво нешто ќе се игра игранка за смена на името. Но за жал, таквиот чекор ќе доведе и до неминовна федерализација на земјата, а тоа е потполн крај на Македонија и Македонците. Колку и да сте наивни, игранката е многу перфидна.

Народот поинаку мисли и тоа е проблем во мигов, затоа постои реална можност по оставката на премиерот оваа состојба со СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ во власта, без Груевски да се пролонгира уште две години. Ќе се направи се` да се оцрни власта и да се одложат изборите, а тоа ќе го радикализира населението кое веќе е на работ на толеранцијата. Странскиот фактор мисли дека преку контрола на медиумите ќе може сето тоа да го хендла и да одбегне украинско сценарио, а за жал не е така. Но за среќа во врвот има неколку исклучително мудри политичари кои влечат 20 потези однапред. Јас иако немам таква визија на согледување, верувам дека ќе превенираат и ќе преиграат една перфидна игранка.

Факултети.мк: Каква 2016-та да очекуваме?

Јанко Илковски: Инаку ние сме влезени како планета во трета светска војна. Кој го согледува тоа, ок, кој не, тешко нему. Но, добро е да се има свесност за да човек се подготвува како знае и умее за тешки денови кои ако не дојдат, ќе има добра заштеда за журка во најмала рака. Како никогаш, човештвото е пред огромен предизвик, исто толку голем како кубанската криза, но со сосема други сценарија.

Затоа мораме да делуваме во согласнот со високи морални и етички принципи, не можеш да ја средиш состојбата сам лично во Сирија, Либија, Украина, но ако сакаш да си еколошки свесен, првин крпата и метлата исчисти дома, а потоа ќе го стокмиме и светот. Не можеш да составиш дома неред, а да простестираш за исечени дрвја и загадување, а дома гориш гуми и јаглен во ќумебто, користиш стари дизели, тоа е демагогија. Демократијата е практика, мора сами ние да се бориме и да ја практикуваме, не можеме да чекаме политичарите место нас тоа да го прават. За жал, денес активизмот се сведе на платеници од Сорос кои потолно го урнисаа автентичното граѓанско движење. Следната 2016 ќе биде уште потешка, лаги и видео ленти ќе биде главниот филм и блокбастер кај нас, ќе се соочиме со протисоци за промена на името и идентитетот, ќе бидеме затрупани од бегалци, дестабилизација не` очекува насекаде, затоа тргајте розовите очила, билдајте се како луѓе и „бидете подготвени како утре да ќе има војна, а однесувајте се како да ќе има мир 100 години" .. Aх, конечно го протнав цитатот на браварот во едно интервју. Јеее!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот