„Нетфликс“ ги откри најновите бројки што се однесуваат на гледаност на популарните ТВ-серии и филмови во изминативе неколку недели.
Стриминг-сервисот ги откри финансиските детали за својот трет квартал и според извештаите, „Американско убиство: Семејството од соседството“ го сруши рекордот.
Ова е најуспешниот документарец објавен на оваа стриминг-платформа, кој го гледале 52 милиона домаќинства во првите 28 дена од премиерата. Гледачите велат дека овој документарец е една од најтешките работи што ги гледале на „Нетфликс“, а ја раскажува приказната на Шенон Ватс, која била убиена од нејзиниот сопруг Крис Ватс во 2018 година. Крис ги убил и нивните две ќерки, на возраст од три и четири години.
Втор најгледан документарец во изминатиов период е
„Социјална дилема“, кој го гледале 38 милиони домаќинства.
Кога станува збор за филм, „Енола Холмс“ и „Старата гарда“ со Шарлиз Терон ги гледале 78 милиони домаќинства. Зад овие наслови се најдоа „Проект сила“ со Џејми Фокс и „Бакнежот 2“ со 75 милиони и 66 милиони прегледи, соодветно.
Другите неодамнешни серии што се очекува да соберат огромна гледаност се „Емили во Париз“ и „Прогонувањето на куќата Блу“.
Но, многу луѓе имаат проблеми со начинот на кој „Нетфликс“ ги мери бројките на гледаност. Редовно се забележува дека стриминг-платформата избира кои наслови ги објавува во статистиките со цел да ги истакне своите успеси, а неодамна го променила и начинот на кој ги забележува прегледите.
Додека претходно ги пребројуваше прегледите кога корисникот стримувал најмалку 70 отсто од насловот, сега забележува кога некој профил гледа најмалку две минути од филмот или серијата.
„Нетфликс“ верува дека ако некој гледа две минути одреден филм или серија, тогаш направил намерен избор. Автоматската репродукција не се зема предвид.
Извор:
Independent UK
Фото: Screenshot/YouTube