Иако звучи како пропаганда, на овие 10 земји е невозможно да се направи инвазија – без разлика дали од големината на војската, спрецифичноста на територијата или некој друг факт. За кои земји станува збор?
Австралија: иако има релативно мала полупација од околу 23 милиони луѓе, таа е огромна и како држава и како континент. Со исклучок на крајбрежјето каде што живеат 98% од луѓето, островот е составен од 7,5 милиони метри квадратни пустина. Пустелијата во внатрешноста на земјата и Големиот корален гребен , штитат големи делови од Квинсленд. По глобалниот мировен индекс, Австралија е трета во Азиско-пацифичкиот регион и девета во светот по својата мирољубивост.
Швајцарија: Во двете светски војни оваа мала земја е поштедена благодарение на својата неутралност. Својот обрамбен план го развила уште во 1880-тите по кој се утврдени клучни локации околу бројните планински премини, а токму тие ги обесхрабрувале непријателите во идејата за инвазија на земјата. Бројните бункери и тунели изградени во планините нудат пристап за заштита на сите воени девизии, така што можат да нападнат во секое време. Освен тоа, сите граѓани на земјата имаат поминато воена обука, а после нејзиното завршување можат да го задржат оружјето. Поголемиот дел од светските богаташи ги чуваат парите во швајцарските банки, па инвазијата не би одговарала на никој.
Тувалу, Нов Зеланд, Исланд и Бутан: сите четири држави припаѓаат на една категорија, не поради силната одбрана, туку поради својата изолација и недостигот од било каква стратешка или економска важност за потенцијалниот напаѓач. На глобалниот мировен индекс, Нов Зеланд е четврти по ред во светот.
Јапонија: освен што е островска земја, таа има силна армија и економија која може да ги издржи и најсилните непријатели. Оружјето на Јапонија е софистицирано и напредно, а со единствениот нивни непријател САД, имаат склучено договор за мир и на ниту една од двете не им одговара да го прекинат истиот.
Иран: иако повеќето од неговите соседи во последните децении подлегнаа на ужаси од војни Иран е сѐ уште силен од аспект на стабилноста во регионот. Многу земји во светот сакаат да го променат тоа, но во Иран се работи на развивање на сопствена нуклеарна програма што ги прави поопасен противник. Аналитичарите сметаат дека идејата за инвазија не е добра поради лошиот терен, скриените бункери и големите резерви кои им овозможуваат долготрајна герилска војна против било кој агресор.
Канада: Втората по површина земја во светот е многу незгодна за напад, а освен тоа има и силна војска и економија. Се карактеризира со непристапни терени, студенило и одделеност од се освен од САД. Освен тоа таа е по правило пријателски настроена кон сите други земји и речиси и да нема непријатели.
Северна Кореја: Диктаторскиот режим издвојува огромни пари за војска и нуклеарна програма што ги прави непредвидлив непријател. Освен тоа, династијата Ким го доживува остатокот од светот како лудаци кои се спремни да раскинат сѐ, па и сопствениот народ за да не бидат поразени, а поради тоа без проблем би фрлиле нуклеарки по сите.
Велика Британија: Уште една островска земја која последен пат била освоена во 1066 година. Таа има јака војска, моќна економија, сојузници и непристапност – опкружена со океанот што ја прави безбедна. Освен тоа војниците се професионалци вклучени во акции преку НАТО.
Русија: Низ историјата е докажано дека речиси е невозможно да биде освоена. Освојувањето на толку голем терен бара огромна војска и многу пари, а шансите се толку мали што никој не е луд да ризикува.
САД: САД троши повеќе на војска отколку сите 9 земји заедно, американската војска има 1,4 милиони активни војници. Морнарицата е една од најсилните во светот, како и најмоќна воена и вселенска технологија. Има и добро обучени човечки ресурси, а за најголемиот нуклеарен арсенал не треба ни да се пишува. Американската војска, руската и некои други е најдалеку во развојот на тајното скаларно оружје кое го нарекуваат и мистериозниот „Тесла смртоносен зрак“.