X
 26.05.2021 Култура

Франција им доделува 300 евра за културни активности на сите 18-годишници

Франција им доделува ваучери за културни активности на сите 18-годишници во земјата. Оваа иницијатива била тестирана во 14 региони на Франција, а сега ќе се имплементира на национално ниво, пренесува Би-би-си.

Околу 800.000 тинејџери годишно ќе добиваат по 300 евра за културни активности преку апликација. Средствата може да се искористат за купување билети за кино, музеј или театар, но и за купување книги или инструменти и запишување на курсеви. Со средствата може да се плати за отворање профил на француска дигитална платформа за филмови и серии, како и за „Дизер“.


Фото: Pixabay

Откако ќе се регистрираат, 18-годишниците ќе имаат две години да ги потрошат парите. На почетокот владата планирала да им доделува на тинејџерите по 500 евра во рамки на иницијативата, но потоа било одлучено 200 евра од сумата да им бидат доделени на помалите ученици, започнувајќи од 2022 година.

Во тест-периодот 164.000 тинејџери се пријавиле за добивање средства и три четвртини ги искористиле најмалку еднаш. Најголем дел од средствата биле искористени за книги, а популарен избор биле и музичките инструменти и одење во кино.

Извор: bbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура