Американскиот Универзитет „Стенфорд“ најверојатно сѐ до јуни нема да донесе одлука дали ќе отвори наесен, но администрацијата ги разгледува сите опции за функционирањето.
Една од дискусиите била околу можноста за држење предавања надвор, под шатори, а во напор да се спречи ширењето на коронавирусот.
Според проректорот Персис Дрел, идејата би го искористила поволното време во северна Калифорнија.
-Апсолутно ништо не е исклучено - истакна тој.
Универзитетите во САД ги затворија кампусите и се префрлија на далечинско учење поради коронавирусот. Иако во некои региони има забавување на ширењето на вирусот, постои загриженост дека ќе има повторно избувнување налето и наесен поради олабавувањето на мерките за дистанцирање.
До петокот во Калифорнија имаше најмалку 50.000 потврдени случаи на новиот коронавирус и повеќе од 2.000 смртни случаи.
Комуналната природа на живеењето во кампусот го прави физичкото дистанцирање предизвик, истакна претседателот на универзитетот, Марк Тесие-Лавињ, и додаде дека активностите ќе мора да продолжат во „рестарт во фази“.
Извор:
Business Insider
Насловна фотографија: Wikipedia