Речиси сите студиски програми за дизајнирање видеоигри се слични, но еден универзитет во Холандија ги поттикнува студентите да прават нешто што ќе го промени светот.
Универзитетот во Утрехт секоја пролет одржува настан на кој им дава задача на студентите да создадат прототип на видеоигра. Во следните седум недели студентите работат на своите видеоигри. Целта на секоја видеоигра е да се обиде да едуцира, да предизвика и да замисли одржлива и креативна иднина за градот, но и за целиот свет.
Фото: Utrecht University
Во текот на еднонеделниот настан за создавање прототипови на видеоигри на студентите им помагаат експерти од целиот свет. На настанот учествуваат над 100 студенти, кои работат во групи од по 6. Групите се поделени во категории, а секоја добива експерт кој им помага низ процесот.
Категориите се фокусираат на улогата на науката во иднината, глобалните цели и одржливоста на Утрехт, нови радикални промени во иднината во секторот на комерцијални игри, како и родот и младите во агрокултурата и безбедноста на храната под дејство на климатските промени.
Фото: Utrecht University
Една од најиновативните видеоигри претставени на овогодинешниот настан е игра во која двајца играчи ги покажуваат двете страни на производството на храна. Едниот играч е фармер, додека другиот е потрошувач во голем супермаркет. Изборот на секој играч влијае врз другиот играч, а двете страни од екосистемот треба да се обидат да опстојат заедно.
На настанот била претставена и видеоигра во која играчот е некој што има многу следбеници на социјалните мрежи. На играчите им се доделуваат предлози за објавување коментари и објави за реални проблеми кои се случуваат во светот. Играчите може да ги следат нивните објави и нивното влијание врз социјалните мрежи.
Извор:
Syfy.com