X
 15.07.2017 Живот

Три едноставни дневни навики за среќен живот

Не постојат кратки патишта до исполнет и среќен живот, но постојат едноставни работи што можат да ни помогнат да стигнеме таму.

Ние имаме избор во нашите животи, во нашето однесување и во нашите мисли, како и во она на што сакаме да се фокусираме и каков тип луѓе сакаме да бидеме.

Еве неколку стратегии со чија помош може да го започнете патувањето уште денес:

Медитирајте

Дури и ако на ова посветите само две-три минути, дневното практикување на медитацијата ќе ви помогне да бидете повеќе присутни, фокусирани и емпатични, а ќе сфатите и како работи вашиот ум.

Ако сте почетник, обидете се да седите во мирно место неколку минути истовремено секој ден. Внимавајте само на тоа што се случува во моментот и концентрирајте се на дишењето, а кога ќе ви дојде мисла, повторно вратете му се на дишењето. Медитацијата е најдобра практика за да се стане свесен.

Поставете аларми на телефонот за да се изборите со постојаното скролање

Новостите на социјалните мрежи се дизајнирани за да продолжувате да скролате. Кај корисниците се јавува природна желба да си го окупираат вниманието со телефоните, што не е секогаш лошо, но има и многу негативни страни. Колку повеќе сте свесни за тоа како го минувате времето и дека правите работи што ви се важни, толку ќе бидете позадоволни. Затоа, ако се решите да го користете „Фејсбук“ или друга социјална мрежа одредено време, поставете аларм за да ве потсети дека треба да прекинете. Исто така, може да поставите и слободни аларми во текот на денот и кога ќе ве предупредат да се запрашате кај сте, што правите и дали тоа што го правите е важно за вас.

Играјте игра со азбука за да ги тргнете негативните мисли

Ако имате многу негативни мисли, обидете се да играте игра со азбука. Започнете со А и именувајте нешто што ви е важно на таа буква. Потоа продолжете така докрај. Тоа е одлична стратегија за да ги тргнете нездравите мисли и ќе ви донесе позитивно расположение.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот