X
 15.07.2026 Живот

Во Египет откриена гробница стара 3.000 години со живописни ѕидни слики и натписи

Холандски археолози открија досега непозната, 3.000 години стара гробница со живописни ѕидни слики и натписи, во близина на египетскиот Луксор. Внатрешноста открива дека нејзиниот сопственик бил човек по име Пасер , а сцените прикажуваат верски ритуали и патување во задгробниот живот. Гробницата потекнува од рамзесидскиот период, ера на моќните фараони како што е Рамзес II, пишува Еуроњуз.

Откритие на локација под заштита на УНЕСКО

Египетскиот Врховен совет за антиквитети неодамна објави дека гробницата е пронајдена на некрополата Шеик Абд ел-Курна, која е дел од Тебанската некропола под заштита на УНЕСКО. Станува збор за едно од најважните гробни места во древен Египет, каде што биле погребувани свештеници и високи функционери. Врз основа на стилот на украсување, тимот што ги врши ископувањата верува дека гробницата датира од рамзесидскиот период, приближно помеѓу 1292 и 1069 година пред новата ера.

Откритието е резултат на работата на холандската археолошка мисија од Универзитетот во Лајден, предводена од Карина ван ден Ховен. Мисијата, во соработка со египетските власти, врши ископувања на тоа место од 2018 година.



Структура на гробницата и прикази од задгробниот живот

Гробницата има класичен распоред на елитно погребување од Новото Кралство, со отворен двор кој води до капела издлабена во карпа и подземни гробни комори. Археолозите пронашле и клупа од кал од тули, како и скали што се спуштаат до влезот.

Во внатрешноста на гробницата се зачувани насликани сцени кои го прикажуваат Пасер како ги обожава египетските богови. Еден од приказите го прикажува него со сопругата како седат на жртвената маса, а таквите слики требало да му обезбедат на починатиот вечно снабдување со храна и пијалак во задгробниот живот. Се очекува дека со понатамошната работа на конзерваторите ќе се откријат уште насликани украси, откако од делови од ѕидовите ќе се отстрани тенок слој нечистотија.

Продолжување на истражувањето


Генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети, Хишам ал-Леити, ги најави следните чекори.

-Тимот ќе продолжи да ја документира и проучува гробницата со цел да ги идентификува сите што биле погребани во неа  - рече Ал-Леити.

Извор: index
Фото: фејсбук
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот