X
 21.10.2022 Живот

Пронајдена гробницата на Свети Никола во Турција

Гробницата на Свети Никола е откриена откако археолози пронајдоа остатоци од древна црква во градот Демре, Турција.

Наодите на археолозите потврдија дека Свети Никола живеел и умрел во 4. век, во подрачјето на денешна Турција. Црквата првично била потопена поради подигнување на нивото на морето во средниот век. Втората црква била изградена на врвот на старата базилика за да го заштити гробот на Свети Никола, но дури неодамна археолозите го откриле мозаикот и камениот под од претходното светилиште – што ги одвело до последното почивалиште на светителот, според Осман Еравсар, раководител на Комитетот за зачувување на културното наследство во Анталија. Откритието е објавено пред седум дена.

- Сега стигнавме до остатоците од првата црква и подот по кој одел Свети Никола - рече Еравсар.

Византиската црква изградена на постари темели била свето место за православните христијани меѓу 5 и 12 век и е опкружена со статуи на Свети Никола. Таа во 1982 година беше додадена на списокот со Светско наследство на УНЕСКО.

Древната црква првпат е откриена 2017 година при истражувачки електронски истражувања под современата црква „Свети Никола“. Читањата покажаа дека има празнини меѓу подот и земјата. Екипата потоа објави дека можеби го пронашла гробот на Свети Никола, но сепак следуваше внимателно отстранување на подот од византиската црква за да не се оштети ништо.

Како побожен христијанин, Свети Никола го следел Исусовото учење за продажба на целиот свој имот во полза на сиромашните – и го сторил тоа. Но, неговите дела не се потврдени во историски документи, туку во преданијата.
Станал епископ на Мира во 4 век, но набрзо бил затворен од римскиот император Диоклецијан – во времето кога христијаните биле прогонувани. Записите покажуваат дека

Свети Никола бил погребан во црква изградена во негово име. Сепак, точното место на гробот отсекогаш било мистерија. Научниците веруваат дека времето на неговата смрт било 343 година од нашата ера. Досега се сметаше и оти во црквата во Демре тој почивал до 11 век, т.е. 1087 година, кога италијански морнари и трговци, наводно, ги украле неговите останки од гробот и ги однеле во Бари на Апенинскиот Полуостров.
Меѓутоа, турските археолози сега посочуваат дека се украдени погрешни коски – оние што Италијанците ги украле биле од друг, засега непознат свештеник.

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот