Излезе првиот трејлер за продолжението на „Аквамен“ - „Аквамен и загубеното кралство“. Амбер Херд, која имаше голема улога во првиот дел, едвај се појавува во трејлерот. Минатата година актерката откри дека добила помала улога во продолжението на филмот поради судењето со поранешниот сопруг Џони Деп.
Режисерот Џејмс Ван изјавил дека планот отсекогаш бил главниот фокус во филмот да биде на Артур Кури, кој го игра Џејсон Момоа, и неговата врска со неговиот брат.
Сепак, во трејлерот го гледаме главниот лик како татко, а до него ја нема неговата сопруга, па се поставува прашањето што ќе се случи со неа до крајот на филмот.
Филмот треба да пристигне во кината на 20 декември.
Извор:
Insider
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)