X
 26.12.2022 Култура

Во новиот филм на Кристофер Нолан ќе има вистинска експлозија на нуклеарна бомба

Кристофер Нолан, еден од најдобрите режисери на денешницата, во својот нов филм го прикажува животот на еден од најголемите научници на минатиот век.

Роберт Опенхајмер во 1942 година влегол во проектот „Менхетен“, чија цел била создавање нуклеарна бомба. Токму овој период се прикажува во новиот филм.

Нолан овој пат направил нешто невозможно. Тој снимил сцена од експлозија на нуклеарна бомба без да користи дигитални ефекти.

Актерите во филмот се веќе познати лица, како Силијан Марфи, Гери Одлмен, Емили Блант и Роберт Дауни Џуниор. Филмот ќе пристигне на 21 јули 2023. Во продолжение погледнете го трејлерот.


Извор: Dnevnik
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура