X
 17.08.2026 Живот

„Нетфликс“ ангажира човек да живее во билборд во Холивуд за промоција на новиот филм „Последната куќа“

Новиот филм на „Нетфликс“, „Последната куќа“, следи семејство кое заглавува во сопствениот дом по необично невреме. Иако компанијата го промовира филмот со интересен трејлер и новинарска турнеја со ѕвездите Вагнер Моура и Грета Ли, тимот за маркетинг се одлучи и за еден  малку бизарен пристап. Наместо едноставно да го постават постерот за филмот на билборд, тие направија куќа во него и сместија човек кој минува низ истата мака како и ликовите од филмот.

Билбордот се наоѓа во населбата Вест Холивуд во Лос Анџелес. На прв поглед изгледа како фасада од куќа обрасната во винова лоза, во чија внатрешност може да се ѕирне оддалеку. Дури се гледа и целосно опремена дневна соба. Сепак, најголемо внимание привлекува човекот кој се движи внатре.


Човекот носи пижами и бањарка. Забележан е како јаде житарки, слуша музика, бара закани со двоглед, им мавта и им пишува пораки на минувачите, што е одраз на еден од проблемите со кои се соочуваат ликовите во филмот кога остануваат без интернет и телефонски врски. Под прозорецот стои слоганот на филмот: „Колку долго можете да преживеете?“

@netflix genuinely questioning reality rn??? The Last House premieres tomorrow on Netflix. #TheLastHouseNetflix ♬ original sound - Netflix
- Тој ќе се обиде да одржи чувство на нормалност подолг период додека е заглавен во својот затворен простор на височина од 9 метри над земјата, на аголот меѓу авенијата Селма и булеварот Сансет. Со возачите и минувачите ќе комуницира преку бела табла за пишување, како морничава асоцијација на изолацијата на семејството во филмот - објаснуваат од „Нетфликс“.

@netflix would watch #TheLastHouseNetflix ♬ original sound - Netflix
Откако им го привлече вниманието на жителите на Лос Анџелес, човекот е идентификуван како Нејтан Шуп, глумец и виш продуцент за искуствени проекти од Лос Анџелес. Тој во меѓувреме шеговито го промени описот на својот профил на „Инстаграм“ во „Човекот во билбордот“. Шуп „живееше“ во билбордот од 6 до 8 август, одбележувајќи премиерата на филмот на 7 август. 

Филмот „Последната куќа“ веќе се прикажува на „Нетфликс“.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/Instagram

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот