X
 15.11.2022 Култура

Германија ќе им даде по 200 евра на сите 18-годишници за да следат културни настани

Во рамките на нова програма Германија ќе им доделува 200 евра на сите млади што ќе наполнат 18 години во 2023 година. Овие пари ќе може да бидат искористени за музеи, концерти, претстави и други културни настани.

Тинејџерите ќе може да аплицираат за средствата преку дигитална платформа и апликација. Државата ги охрабрува и културните институции да се регистрираат на платформата за да нудат билети за своите настани на кои може да се пријават тинејџерите.

Според министерката за култура на Германија, Клаудија Рот, целта е да се поттикнат младите да следат локални културни настани, но и да се поттикне развојот на културната економија, која уште заздравува од последиците од пандемијата.



Германија предвиде 100 милиони евра за проектот. Доколку тој се покаже како успешен во 2023 година, ќе се дискутира за негово продолжување и проширување за да се вклучат и млади лица на возраст од 15 до 17 години.

Се очекува околу 750.000 жители на Германија да наполнат 18 години во 2023 година.

Извор: Artnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура