X
 04.12.2022 Култура

Оригиналната верзија на „Авиони, возови и автомобили“ траела 3,5 часа

Филмот „Авиони, возови и автомобили“, кој излезе во 1987 година, е класика. Многумина сакаат да го гледаат во овој период од годината, особено во САД, каде што е традиција да се гледа на Денот на благодарноста.

Овој филм трае 1 час и 45 минути, но за филмот биле снимени и сцени кои не биле вклучени во конечната верзија. Видео на „Јутјуб“ покажува дека оригиналното сценарио за филмот било долго 145 страници, што е повеќе од стандардните 90 страници за жанрот.

Наместо да го намали сценариото, режисерот Џон Хјуз ги снимил сите сцени. Првата верзија од филмот траела речиси 3,5 часа. Студиото барало намалување на должината, па затоа филмот бил менуван повеќепати пред да се стигне до конечната верзија.

Пред да почине во 2009 година, Хјуз открил дека избришаните сцени се изгубени. Во видеото подолу се посочува на сцени кои биле сменети за да биде скратен филмот, како и на ликови кои ги нема во конечната верзија, а биле планирани на почетокот.


Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура