Научниците што ја мапираат карпестата земја под Гренланд веруваат дека пронашле голема река, долга илјада милји, што се крие одоздола.
При ажурирање на радарските мапи истражувачите од Универзитетот во Хокаидо, Јапонија, откриле голема подземна мрежа која веројатно го дренира растопениот мраз од глечерот од центарот на масивниот остров во морето. И бидејќи реката би течела стотици милји без да дојде до површината, истражувачите ја крстиле Темната Река.
За да ја идентификуваат и следат реката, тие прво ги наполниле празнините што недостигале на мапата преку изведување заклучок врз основа на податоците кои веќе биле собрани со авиони опремени со радари што
надлетувале.
Научниците ја приклучиле мапата во виртуелен модел кој можеле да го поплават со вода. Текот и однесувањето на таа виртуелна вода го откриле патот на Темната Река.
Почесто подводната река би била само тенок млаз и не би можеле да ја слушнете како жубори доколку би го ставиле увото на земјата. Тоа е така затоа што глечерите на Гренланд се топат и се разлеваат на голема површина и би биле потребни специјални околности за всушност да се наполнат огромните подводни патишта.