X
 08.01.2016 Технологија

Вие прашувајте, македонските ѕвезди одговараат

Кога станува збор за социјалните трендови, македонските ѕвезди речиси никогаш не заостануваат многу зад своите светски колеги. Исто како Мадона, Ред хот чили пеперс, Снуп Дог и многу други, и тие решија да се отворат пред своите обожаватели, со тоа што започнуваат „Прашајте ме што било“ сесии. Ова е нов социјален тренд, каде што познати лица или лица со интересни приказни и професии, повикуваат луѓе да ги прашаат што било, а тие да одговараат.



Како нашите ѕвезди, не заостануваат ни нашите сограѓани кога станува збор за оригиналност,  иновативност,  креативност, образование на светски факултети,  развој на бизнис идеи, авантури околу светот итн.

Quevie е совршено место за споделување и дознавање на се она што ве интересира во било кое поле директно од оние што веќе се занимаваат со тоа или ќе сакаат да ги споделат своите искуства со сите вас.

Поврзете се и споделете знаење, споделете искуство, споделете совет, споделете го вашиот пат до врвот, споделете ја својата креативност, вашиот успех...споделете љубов...

Нашите ѕвезди ќе споделуваат новости и се што нивните фанови сакаат да знаат за нив.




Првата македонска ѕвезда што го крши мразот со ваква сесија е Раде Врчаковски-Врчак.
Ако имате прашање за кое што сакате да добиете одговор од Врчак, посетете го неговиот профил на Quevie, повикајте пријатели да гласаат за вашето прашање, или гласајте за прашања на коишто сакате да ги чуете одговорите.

Дополнително, Врчак ќе ги награди авторите на десетте најгласани прашања со автограм и со својот последен албум.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија