Тресетите се природен апсорбер на јаглерод, апсорбирајќи СО2 од атмосферата и закопувајќи го во почвата.
Само во Европа тие апсорбираат петпати повеќе јаглерод отколку шумите.
Но, според новото истражување, тресетните земјишта на континентот се во толку сува и кршлива состојба, што би можеле да одат во обратна насока и да почнат да ослободуваат јаглероден диоксид.
Научниците велат дека е поважно од кога било да ги обновиме и заштитиме овие пејзажи.
Истражувачите испитале 31 тресет низ Англија, Ирска, Скандинавија и континентална Европа за да ги проценат промените во текот на последните 2.000 години.
Фото: Getty Images
Истражувањето открило дека повеќето тресети станале посуви во периодот од 1800 до 2000 година отколку во последните 600 години.
Д-р Мартен Блаув од Универзитетот „Квинс“ во Белфаст вели дека тресетите досега биле од голема помош за нашата планета - тие апсорбираат јаглероден диоксид од атмосферата и го складираат, што помага да се ублажат климатските промени. Но, ова истражување покажува дека сушењето на земјиштето се чини дека го менува овој процес и тресетите може да се претворат во извори на јаглероден диоксид - наместо да апсорбираат, тие ќе почнат да испуштаат што воопшто не е добра вест за нашата планета.
Д-р Грем Свинделс од Универзитетот во Лидс, кој го предводел истражувањето, изјави дека е поважно од кога било да ги заштитиме тресетите со ефикасно управување и активно обновување.
- Комбинираниот притисок на климатските промени и човековите влијанија може да ги натераат овие витално важни екосистеми за складирање на јаглерод да станат глобален извор на емисии на јаглероден диоксид.
Што се тресетите?
Тресетите се еден вид мочуришта што ги има речиси секоја држава. Овие земјишта се формираат во текот на милиони години, како што условите на натопеност го забавуваат процесот на распаѓање на растенијата.
Зошто тресетите се важни за климатските промени?
Природните тресети низ светот складираат повеќе СО2 од сите други видови вегетација во светот. Големите количини на јаглероден диоксид, извлечени од атмосферата преку фотосинтеза, претставуваат глобално складилиште на јаглерод.
Земјите се охрабруваат тресетите да се реставрираат во нивниот напор кон глобалните меѓународни договори за климатски промени, бидејќи може да помогнат во намалувањето на емисиите.
Што им штети на тресетите?
Климатските промени, извлекувањето од
тресетите, горењето и претворањето во земјоделско земјиште, сето ова си зема данок.
Околу 15 отсто од тресетите во светот, кои покриваат помалку од 0,4 отсто од глобалната површина на земјата, се исушени, испуштајќи гасови од стаклена градина во воздухот.