X
 08.05.2019 Живот

Намалени емисиите на CО2 во ЕУ

Обемот на емисиите на јаглероден диоксид од согорување фосилни горива се намалил за 2,5 отсто во текот на 2018 во споредба со 2017 година, соопшти денеска Евростат.

CО2 емисиите се меѓу најштетните и значајно придонесуваат за климатските промени на глобално ниво.

Според Евростат, емисиите на CО2 се намалени во сите земји на Европската Унија, а најзначајно намалување има во Португалија, Бугарија, Ирска, Германија, Холандија и во Хрватска, додека пак во Летонија, Малта и Естонија е констатирано најголемото зголемување на CО2.

Факторите што влијаат врз емисиите на јаглероден диоксид, потсетува Евростат, се економската активност, обемот на населението, транспортот и индустриските активности.

- Треба да се забележи и дека увозот и извозот на енергетски производи имаат ефект врз CО2 емисиите каде што се согоруваат фосилните горива: на пример, ако јагленот се увезува, тоа ги зголемува емисиите, додека пак ако се увезува струја, тоа нема директен ефект врз емисиите врз земјата што увезува, бидејќи тие би биле вброени во земјата што извезува и каде што е произведена - се наведува во соопштението на Евростат.

Европската Унија се заложи да ги намали сите штетни емисии за најмалку 40 отсто до 2030 година во споредба со 1990, согласно Парискиот климатски договор. Заедно со исполнувањето на целите за употреба на обновливите ресурси, ЕУ би можела да постигне и намалување од 45 отсто до 2030, доколку сите ги почитуваат дадените ветувања.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот