Мапа и видео на НАСА покажуваат кои земји ослободуваат и апсорбираат јаглероден диоксид низ светот, врз основа на сателитски набљудувања помеѓу 2015 и 2020 година.
Мапата покажува кои земји апсорбирале СО2 и кои го испуштале преку емисии од домаќинства и индустрии, како и други фактори.
Земјите каде што била отстранета поголема количина на јаглероден диоксид отколку испуштена се појавуваат во зелена боја, додека земјите со повисоки емисии се со кафеава или црвена боја.
И дијаграмот и видеото користат податоци од вселенското летало на НАСА за набљудување на Земјата, од Орбитирачката јаглеродна опсерваторија, плус мрежа набљудувања базирани на површината.
Видеото и мапата се засноваат на зголемување и намалување на концентрациите на јаглероден диоксид во атмосферата кои се користат за да се пресмета колку јаглероден диоксид бил испуштен и отстранет.
Студијата дава нова перспектива на следење на емисиите на фосилни горива и на вкупните промени на „резервите на јаглерод“ во екосистемите, вклучувајќи дрвја, грмушки и почви.
Податоците се особено корисни за следење на флуктуациите на јаглеродниот диоксид поврзани со промената на покривката на земјиштето.
Фото: NASA