Сите диети не се исти, иако нивната крајна цел е приближно иста. Никој не знае повеќе за ова од експертите кои го пишувале извештајот на САД за најдобрите диети годинава. Извештајот беше објавен неделава, а во него се рангирани најдобрите режими на исхрана кои ќе бидат во тренд во 2016 година.
Некои од диетите се направени за губење тежина, додека други се наменети за намалување на крвниот притисок, подобрување на здравјето на срцето, па дури и зголемување на шансите за забременување. Секоја од нив има една карактеристика: Го подобрува здравјето.
Извештајот бил составен со помош на податоци од медицински списанија, владини извештаи и други извори. Откако биле одбрани најдобрите диети, биле повикани експерти во областа на исхраната, дебелината и прехранбената психологија, кои ги рангирале диетите по ефикасност во повеќе категории. Меѓу категориите се нашле и способностите за краткотрајно губење тежина, долготрајно губење тежина, лесно следење и здравствени последици.
Најдобро оценетата диета е таканаречената ДАСХ (DASH - Dietary approaches to stop hypertension) за спречување на хипертензија или висок крвен притисок.
Диетата на годината има цел создавање долготрајна навика за јадење храна која помага во третирање или спречува хипертензија. Во рамки на диетата се намалува внесувањето на сол, а се зголемува внесувањето зеленчук и овошје.