Кафулињата и пабовите најчесто имаат релаксирачка атмосфера, но еден популарен паб во Мумбај има атмосфера што потсетува на „Волстрит“.
„Д бар сток ексчејнџ“ (англ. The bar stock exchange) на прв поглед изгледа како обичен паб, но веднаш по влегувањето вниманието го привлекуваат големи екрани на ѕидот. На екраните се прикажани сите пијалаци што се нудат во пабот и нивните цени кои, како и на берзата, растат и паѓаат во зависност од побарувачката.
Гостите може да ги следат и нарачуваат пијалаците и преку апликација. Кога „берзата“ ќе падне, се огласува сирена и настапува вест дека сите пива се 50 отсто поевтини во следните 5 минути.
Низ Индија веќе се отворени повеќе вакви пабови инспирирани од овој.
Извор:
Dnevnik
Фото: YouTube (Printscreen)