Исчезнувањето на слоновите во Африка може да ја забрза климатската криза на Земјата, дозволувајќи да се ослободат 7 отсто повеќе стакленички гасови во атмосферата, велат научниците. Но, зачувувањето на шумските слонови може да го промени овој тренд.
Истражувањето покажува дека присуството на животните доведува до поголем број големи дрвја што подобро ги заробуваат стакленичките гасови, но без слоновите, помалите дрвја имаат помала способност да го апсорбираат јаглеродот.
Исчезнувањето на шумските слонови може да доведе до намалување на 7 отсто од „надземната биомаса“ - тежината на дрвјата, вклучувајќи ги гранките и лисјата - во западните и централните африкански дождовни шуми.
Ова би значело дополнителни 3 милијарди штетен јаглерод што влегува во атмосферата.
Се знае дека големите тревопасни животни се од витално значење за ширење на семиња, но досега начините на кои слоновите влијаат врз дождовните шуми биле мистерија.
Истражувањето покажа дека додека паселе во Конго и на други места, животните ја расчистувале помалата вегетација, која со текот на времето води кон помалку, но поголеми дрвја што живеат подолго и апсорбираат многу повеќе јаглерод.
Претходно овој месец швајцарските научници објавија дека садењето милијарди хектари дрвја во област со големина колку САД би можело да биде најефективно решение за климатските промени.
Користејќи симулации на модели, истражувачите од Франција откриле дека едно животно за секој квадратен километар ја зголемува шумската биомаса за 60 тони на хектар (0,01 квадратен километар). Главниот истражувач, Фабио Берзаги, заедно со колегите открил дека кога слоновите ги намалуваат шумите, јадејќи ги оние што се помалку од 30 сантиметри широки, меѓу вегетацијата постои помала конкуренција за светлина, вода и простор, што овозможува помалку и поголеми дрвја - и со поголема густина на дрвото, зголемувајќи го складирањето на количините на јаглерод.
Вкупната површина на лисјата или крошната била околу 70 отсто поголема во области со слонови отколку во областите без слонови. Во истражувањето се вели дека слоновите имаат важна улога во формирањето на структурата на африканските шуми.
- Шпекулираме дека присуството на шумски слонови може да ја формира структурата на дождовните шуми во
Африка, што веројатно игра важна улога во нивната разлика од амазонските дождовни шуми - велат научниците.