Во средното училиште Мартин, во округот Вејк, Северна Каролина, уникатната и нова идеја на наставничката по математика Бетани Ламбет помогна во подобрувањето на резултатите на учениците.
Имено, идејата учениците да вртат на педали додека учат даде неверојатни резултати и покажа дека ги зголемува вистинските перформанси на учењето и ја подобрува нивната физичка кондиција.
„Претходно, децата тупкаа на нивните клупи, се допираа едни со други, меѓутоа откако се воведоа педалите тоа повеќе не се случува“, вели Ламбет.
„Децата повеќе не се задеваат едно со друго, немаат потреба да зборуваат едно со друго и се во можност да си извршат училишните активности“.
На почетокот, кога пристигнаа
педалите, Ламбет не им кажала на децата за што ќе служат.
„Не им кажав на учениците за што се, туку само им реков да ги стават под клупите. Има 10 педали и 14 клупи, па не секогаш ги користат“, вели Ламбет.
Ламбет вели дека резултатите се забележале веднаш, наредната недела. Некои од учениците изјавиле дека биле повеќе фокусирани, а наставничката забележала дека се повеќе вклучени во разговорите за време на часот. Дополнително на тоа, оценките на тестовите биле доста подобри со воведувањето на педалите.
И други наставници кои ја користеле истата училница велат дека забележале подобрување во оценките на учениците. Сега училиштето се надева дека ќе може да купи повеќе педали и да ја зголеми програмата.