X
 04.02.2016 Наука

Како да се заштитите од вирусот Зика?

Откако Светската здравствена организација прогласи алармантна состојба поради вирусот Зика, експерти од Бостон објавија совети за заштита и одбрана. Медицинските експерти Лин Чен и Хамер Дејвидсон понудија совети за спречување на ширењето на вирусот Зика во најновото издание на „Annals of internal medicine“.


Советите се однесуваат на лекарите, но и на бремените жени и доилките, чија заразеност може да ги загрози нивните деца. Вирусот во последните неколку месеци многу се прошири во Јужна Америка и по Карибите, а има заразени и во САД, Велика Британија и Австралија.

Вирусот кај повеќето не предизвикува симптоми, но еден во петмина добива таканаречена „зика грозница“, која се карактеризира со зголемена температура и болка во зглобовите. Вирусот се пренесува со комарците од родот Aedes, кои ги има на сите континенти, освен на Антарктикот.

Доколку со вирусот се зарази бремена жена, детето има значително поголеми шанси да се роди со пореметување кое има развојни последици. Поради овој ризик, експертите ги советуваат жените во бременост да не патуваат во земјите во кои постои голема опасност од заразување.

Доколку мора да патуваат, се советува користење средства против комарци, посебно оние кои содржат DEET, пикаридин или IR3535. Истиот совет им се дава и на доилките.

Во Бразил во текот на 2015 година биле забележани 2.782 случаи на заразување на новороденчиња преку мајката заразена со вирус, во споредна со 147 од минатата година.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука