X
 06.02.2016 Економија

Лекции за инвестирање од Ворен Бафет

Ворен Бафет има богатство од речиси 60 милијарди долари, со што е еден од најбогатите луѓе на планетата. Тоа не е единствената причина поради која професионалците и аматерите заинтересирани во финансиите го следат милијардерот. Постои јасност и логика кои се привлечни за луѓето во овој сектор. Што може да научиме за инвестирањето од неговите практики?


Размислување долгорочно

Клучната работа, според Бафет, е да се остане на пазарот и по пензионирањето. Според него, најдобро е да се фокусира на стабилни компании кои изгледаат како добра идеја за долго време. Неговите проценки за стабилноста на компанија не го изневериле. Во 1988, тој купил акции од „Кока-Кола“ со вредност од над 1 милијарда долари, кои се зголемиле 16-кратно до сега.

Завршете ја домашната


Сите инвестиции на Бафет не изгледале сигурни, но сепак повеќето од нив излегувале правилни на крајот. Причината: инвеститорот ги завршува своите истражувања пред да донесе голема одлука. Честопати, тоа му дава самодоверба да оди по некои помалку очигледни насоки.

Исклучете ги емоциите

Инвеститорите водени од емоциите донесуваат одлуки според реакциите во моментот. Кога пазарот ќе падне, тие започнуваат да продаваат акции, а кога ќе се качи, купуваат. Ова не е паметна стратегија. Бафет го советува обратното. „Плашете се кога другите се алчни, и бидете алчни кога другите се плашат“, напишал тој.

Инвестирајте во идеи

Според Бафет, да се има генијален извршен директор не е доволно. Тој се фокусира на бизниси со неспоредлива предност пред другите. Тој еднаш им рекол на инвеститорите да одбираат компании толку прекрасни што дури и идиот може да ги води.

Најдете добра вредност


Бафет секогаш бил инвеститор на вредност и купувал акции за кои мислел дека се потценети. Тој купува акции кои се продаваат за многу пониска цена од нивната вредност. Доколку мисли дека акцијата вреди 20 долари, тој може да почека додека не падне на 17 долари. Клучот е во трпението.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија