X
 16.02.2016 Здравје

Бојата на вашата урина може да открие многу нешта

Дали сте знаеле дека бојата на урината може да открие многу за вашето здравје?

 

urina


Бојата на урината може да се промени во зависност од тоа колку хидрирани сте, што сте јаделе, па дури претставува и пропратниот ефект од некои лекови. Еве што таа кажува за вашето здравје и кога може да сигнализира сериозен проблем.

Чиста

 
Сигурно имате слушнато дека пиењето осум чаши вода на ден и хидратантноста е важна за вашето здравје. Но ако вашата урина изгледа како вода, веројатно сте премногу хидрирани, вели Џејн Милер вонреден професор на Универзитетот во Вашингтон. Иако веројатно не си наштетувате себеси, сепак не постојат податоци кои ја поддржуваат теоријата за осум или повеќе чаши на ден. Освен тоа, половина од денот ќе го поминете во бањата ако пиете премногу вода.

Бледо жолта

Ова е совршената боја за урината која покажува дека веројатно сте доволно хидрирани меѓутоа не мора да значи дека вашето здравје е влошено доколку е малку потемна или посветла.

Светло жолта

Ако урината личи на неонски билборди, тогаш вината префрлете ја на витамините Б. Рибофлавинот (B2) е природно флуоресцентен кога е изложен на УВ светлина. Но, нема за што да се грижите. Вашето тело преку урината го исфрла количеството на рибофлавин кое не му е потребно. Скоро сите мултивитамини содржат рибофлавин како и храната како јајца, месо, посна храна и млечни производи.

Кафеавкасто-жолта

Кафеавата урина е поврзана со миоглобинурија или присуство на миоглобин. Најчесто се поврзува со рабдомиолиза кој е еден вид на оштетување на мускулите кое предизвикува мускулните влакна да умрат и да бидат ослободени во крвотокот. Без соодветна медицинска нега, рабдомиолизата може да доведе до трајно оштетување на бубрезите.

Зеленкаво-сина или портокалева


Доколку се лекувате од инфекција на уринарниот тракт тогаш ваквата боја може да биде несакан ефект. Тоа е поради тоа што „Uribel“, лекот кој се користи за лекување на уринарните симптоми и иритации, содржи метиленска сина боја која може да се појави во урината.

Исто така, ако земате „Phenazopyridine“, аналгетик за уринарниот тракт тогаш вашата урина може да биде портокалева. Ова е нормален несакан ефект на лекови и треба да се расчисти кога лекувањето е завршено. Во двата случаи, консултирајте се со вашиот доктор доколку сте загрижени.

Розева или црвена

Црвената боја може да значи многу работи. Најмалку загрижувачка е кога сте јаделе цвекло, па поради тоа да ви биде црвена. Пигментите на цвеклото во големи количини може да ја претворат вашата урина црвена. Оваа промена на бојата не е штетна и се повлекува за прилично брзо време. Ако не се повлече, веројатно ќе треба да се тестирате за крв во урина. Крвавата урина може да е знак за инфекција на уринарниот тракт или уринарни камења кои обично се придружени со болка и непријатност. Исто така може да е знак за рак на бубрезите или мочниот меур. Во секој случај, добро би било да одите на доктор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје