Доколку не го гледавте 58-то доделување на Греми наградите треба да знаете дека Тејлор Свифт ја освои вечерта, додека Кендрик Ламар беше драматичен.
Што уште треба да знаете за оваа гламурозна вечер на музиката?
1. Поголемиот дел од вечерта луѓето постојано го слушаа името на Тејлор Свифт, како и нејзиното навивање кога Ед Ширан ја освои наградата за песна на годината. Меѓутоа нејзината победа за албум на годината ја остави без зборови.
„Како првата жена која два пати ја освои наградата за албум на годинат, сакам да им порачам на сите млади жени дека ќе наидат на луѓе кои ќе сакаат да им го уништат успехот или да им ги преземат достигнувањата или славата. Но ако се фокусирате на работата и не ги оставите овие луѓе да успеат во тоа, еден ден ќе стигнете онаму кадешто сте сакале да одите, ќе погледнете наоколу и ќе знаете дека токму вие и луѓето кои ве сакаат се заслужни за реализирањето на целите. И тоа ќе биде најдоброто чувство во светот“.
Кому беше наменет говорот? Социјалните медиуми постојано ставаа акцент на еден рапер кој на Твитер сподели: „Јас ја прославив таа ку*ка“.
2. Кендрик Ламар ја освои наградата за најдобар рап албум за „To Pimp a Butterfly“. Потоа неговата изведба на „Alright“ и „The Blacker the Berry“ буквално ја крена целата сала. Публиката скокаше на нозе, а Ламар доби овации.
3. Наградите беа полни со оддавање почит, како и акапела изведбата на „That's the Way of the World“ од Стиви Вондер и Пентатоникс, а Вондер оддаде почит за лицата со инвалидитет.
„Мора да направиме се` да биде достапно за секоја личност со инвалидитет“, изјави тој.
4. Голем број луѓе на социјалните медиуми го коментираа квалитетот на музиката за време на изведбата на Адел „All I ask“.