X
 12.09.2017 Наука

Зошто Америка уште користи Фаренхајтови степени како мерка за температура?

Речиси секоја земја ги користи Целзиусовите степени како мерка за температура, но во САД работите се поинакви. Иако тоа не е некој голем проблем, сепак некористењето на метричкиот систем е недостиг за Америка.


На пример, американските деца треба да научат два вида мерки, со што нивното учење на науката станува потешко. Американските компании, пак, треба да произведуваат дополнителни продукти за да ги извезуваат во земјите што се водат по метричкиот систем. Па, се поставува прашањето зошто САД уште користат друг систем за мерење?

Дион Ли ги истражува овие прашања во врска со користењето на Фаренхајтовите степени и другите мерки и ја анализира историјата на САД во врска со фактот дека земјата е една од трите во светот што не го присвоиле метричкиот систем. Подетално погледнете во видеото.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука