X
 23.02.2016 Живот

Нов Зеланд има потреба од 2.000 сезонски работници

1

 

Нов Зеланд произведува големи количини на овошје, особено јаболка. И секоја година наидува на истиот проблем - недостаток на сезонски работници. Според голем број на странски веб страни, се претпоставува дека и оваа година ќе недостасуваат неколку илјади сезонски работници кои шест дена во неделата во две смени треба да берат и да пакуваат киви и јаболка.


Во зависност од областа кадешто се наоѓаат овоштарниците, бербата започнува кон крајот на февруари и трае до средината на мај. Затоа, локалните производители бараат од својата влада да одобри доаѓање на сезонски работници од целиот свет кои со помош на туристичка виза ќе дојдат во Нов Зеланд да им помогнат со бербата.

Според сегашните прописи, Нов Зеланд годишно може да прими најмногу 9.500 сезонски работници. Доколку не им се одобри зголемувањето, некои од производителите најавуваат дека ќе го намалат производството или нема да се вклучат во планираното зголемување на плантажите. Компаниите велат дека се работи напорно, по потреба и повеќе од 8 часа дневно, а се заработува повеќе од 100 евра дневно. Шансите се поголеми ако имате возачка дозвола.

Новозеландската веб страна picktheworld.org пишува дека државата гарантира најниска саатница, такашто никој не може да заработува помалку од 9 евра на час. Некои компании организираа и Ден на отворени врати за потенцијалните сезонски работници да се запознаат со условите, но одзивот не ги исполнил очекувањата. Без разлика на тоа од кој дел на светот доаѓаат работниците, пожелно е тие да ја познаваат барем основата на англискиот јазик. Важно е и да се во добра здравствена состојба.

Што конкретно ги интересира локалните работодавци, можете да дознаете преку овој формулар за апликација на работа, од компанијата која произведува јаболка и зеленчук „Mr.Aplle“.

Доколку сте заинтересирани после 30 и нешто часа лет да работите неколку месеци на другот крај на светот, во продолжение е меил адресата на новозеландските компании на кои можете да се пријавите:

jobs@bostock.nz
packhouse.jobs@mrapple.com
employmentopportunities@mrapplenz.biz


Напоменуваме дека треба да имате во предвид дека не ја преземаме одговорноста дали ќе добиете или нема да добиете одговор како и тоа дека останатите договори одат директно со работодавецот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот