X
 21.09.2023 Технологија

„Невралинк“ бара луѓе што ќе учествуваат во тестирање на нејзините мозочни импланти

Во мај компанијата „Невралинк“, во сопственост на милијардерот Илон Маск, извести дека добила дозвола да започне тестирање на своите мозочни импланти на луѓе. Сега компанијата бара луѓе што ќе учествуваат во вакви тестирања.

Се бараат пациенти со парализа кои ќе ја тестираат безбедноста и ефикасноста на имплантите. Целта на компанијата е да произведува импланти кои ќе им помогнат на луѓето да контролираат работи со нивните мозоци. 

На почеток лицата ќе ги тестираат имплантите на тој начин што ќе се обидуваат да поместат компјутерски покажувач или тастатура само со користење на мислите. Првите човечки тестирања може да претставуваат значаен ризик за пациентите.

Компанијата доби многу критики во минатото за третирањето на лабораториските животни. Од компанијата се бранеа дека животните се третирани соодветно, а Маск изјавил дека ниту еден мајмун не починал во експериментите.



Извор: Mashable
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија