X
 25.03.2017 Здравје

Им се гледа ли крајот на протезите, имплантите и забарите?

За многумина денот кога имаат закажана посета на стоматолог им е ден кога се соочуваат со најголем страв. Но, ако им се верува на стручните лица и светските научници, во иднина таквиот ден би бил веќе „архивиран“ во минатото. Новите истражувања од областа на стоматологијата, предвидуваат дека во иднина ќе нема потреба од протези и  импланти, затоа што ќе биде можно на луѓето да им никнуваат нови заби и во подоцнежната животна возраст.

Новите откритија би требало да овозможат организмот да може сам да ги регенерира изгубените заби во усната шуплина.


Фото: Pixabay

Доктор Џереми Мао од  универзитетот Колумбија, осмислил шуплив био-инсертер со матични клетки кој се вградува во вилицата, на местото каде претходно постоел корен од заб. Со текот на времето, доаѓа до „спојување“ со околното ткиво, што може да поттикне растење на нов заб.

„Благодарение на овој напредок, ќе нема веќе потреба од вадење на забите. Оваа технологија би им овозможувала на луѓето сами да ги регенерираат забите во период од девет недели. Иако ова можеби изгледа нереално, на оваа проблематика интензивно се работи. Процедурата сè уште се проучува и тестира, и не е достапна за масовно користење“, истакнува доктор Мао.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје