X
 25.03.2016 Образование

Училиштето во кое учениците трчаат по 1,6 километри секој ден

Во едно основно училиште во Шкотска, учениците трчаат една милја, односно 1,6 километри секој ден. Оваа пракса воведена во училиштето се покажала толку успешна што веројатно ќе биде прифатена и од останатите училишта ширум земјата.


Благодарејќи на секојдневната претрчана милја, ниту едно дете во училиштето „St. Ninians“ нема прекумерна тежина. Веќе четири години, наставниците во училиштето секој училишен ден ги испраќаат децата на дневно трчање, а таа редовна вежба се покажала како корисна за повеќе работи.

Освен што децата се поздрави и поиздржливи, тие подобро се концентрираат на часовите. Дури 500 други основни училишта ширум Обединетото кралство започнало да ја применува практиката во борбата против прекумерната тежина на учениците.

„Најважно е децата во тоа навистина да уживаат - инаку никогаш не би можеле да ја спроведеме идејата на дело“, вели директорката на училиштето, Елејн Вили.

„Од трчање се враќаат со румени образи и жив поглед, баш како што децата треба да изгледаат“, додава таа.

Трчањето на учениците им одзема само 15 минути дневно, а децата трчаат по патека околу игралиштето, а потоа во текот на наставниот ден кога им одговара. Дневното трчање може да се прескокне само за време на многу лоши временски услови.

Научниците од универзитетот „Стирлинг“ моментално го истражуваат влијанието на дневното трчање на децата на физичката, когнитивната и емоционалната состојба на детето, а резултатите ќе бидат готови во јули.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование