Познавањето на најмалку еден од 6-те најзборувани јазици во Европа може да биде навистина корисно за вас доколку планирате да ги спакувате куферите и да одите да работите некаде на Стариот континент.
Европејците знаат да зборуваат најмалку два јазика. Според истражувањата, повеќе од половина од Европејците можат да зборуваат на втор јазик или барем можат да одржат разговор. 25% од Европејците можат да зборуваат два јазика, освен нивниот мајчин, а 10% од населението може да зборува најмалку три други јазици. Овие броеви можеби звучат неверојатно за луѓе кои зборуваат само еден јазик, меѓутоа Европа е полна со повеќејазични земји, кои прифаќаат повеќе од еден официјален јазик.
Изненадувачки е тоа што населението на Луксембург, Латвија, холандија, Малта, Словенија, Литванија и Шведска можат да зборуваат на најмалку еден странски јазик. Спротивно на тоа, поголемиот дел од говорители од Унгарија, Италија, Велика Британија, Португалија и Ирска сметаат дека не знаат да зборуват на друг јазик освен мајчиниот. За да нема забуни, ви ги нудиме јазиците кои широко се распространети низ Европа.
6. Полски - Полскиот се наоѓа на 6-то место на листата. Овој јазик го зборуваат 8% од Европејците и претставува тежок јазик за изучување поради фонетсксиот систем.
5. Шпански - Шпанскиот го дели местото со полскиот со само 8% од Европејците кои можат да го зборуваат. Исто така, ова е јазик кој се наоѓа на второ место за најшироко зборуван јазик во светот со 410 милиони луѓе кои го зборуваат, а повеќето од нив се Американците. Тоа е јазик на Сервантес, Варгас Љоса и Борхес, некои од најголемите писатели во историјата.
4. Француски - Францускиот го зборуваат 12% од Европејците. Францускиот јазик ни овозможи научна фантастика со Жилн Верн, ни даде реализам со Флобер и егзистенцијализам со Сартр како и некои од најубавите поети во современата историја.
3. Англиски - Англискиот е еден од најшироко распространети јазици во Европа, и во светот. 13% од Европејците сметаат дека можат да водат разговор на англиски.
2. Италијански - Италијанскиот јазик е на второто место меѓу Европејците и го зборуваат 13% од европската популација. И не е чудно со оглед на тоа што станува збор за јазикот на ренесансата и операта.
1. Германски - Првото место му припаѓа на германскиот јазик кој го зборуваат 16% од европското население. Германскиот се смета за јазикот на филозофијата. Ниче, Шопенхауер, Адорно... германскиот истовремено е и тежок но и доста интересен јазик.