Првите 14 и пол години од животот на Горди, Еван и Дара Бејлисон мислеа дека нивниот син не разбира ништо што тие зборуваат затоа што и тој самиот не зборувал. Тие беа загрижени за неговата иднина, и воопшто не внимаваа што зборуваат пред него бидејќи мислеа дека тој воопшто не ги разбира.
Но, излезе дека Горди всушност апсорбирал се' што тие кажуваа.
„Мојот мозок е сличен како вашиот, знае што сака. Моето тело, кое е како пијано, шест-годишно дете, се противи“, пишува тој во неговото писмо кое го испрати до полицаец.
Тој ги пишувал писмата едно по едно со неговиот показалец. Никој не го научи, никој не му ги менуваше зборовите ниту пак му кажуваше што да напише, велат неговите родители и терапевт. После дво-часовна сесија, тој успеа да напиши писмо од 400 зборови.
„Ова писмо не е повик за милост, сожалувањето не е нешто што го барам. Се сакам себеси онаков каков што сум, со моето пијано тело на шест годишно дете. Ова писмо е крик за внимание, прифаќање и признавање“.
Непознато за неговите родители толку долги години, нивниот син беше прекрасен писател кој имаше што да каже.
Аутизмот на Горди бил дијагностициран кога имал 17 месеци. Денес
Горди има 16 години, не зборува, но неговиот ум е ризница знаења и мислења во однос на светот и на она што постојано го слуша. Но, се' до крајот на февруари 2015 година неговите родители воопшто не знаеја за ова.
Тогаш, еден од многуте терапевти на Горди, Меган Паркинсон започна да го учи преку методот наречен „Rapid Prompting Metod“, релативно нова комуникациска техника развиена за лица со тежок аутизам. Таа му поставуваше прашања и тој одговараше со тоа што покажуваше на буквите на табла со азбука. После една година, Горди ја научи QWERTY тастатурата.
Техниката е доста контроверзна, а некои експерти и не ја одобруваат. Но, други велат дека возможно е во ретки случаи како Горди, лицата со аутизам да научат да комуницираат самостојно со користење на техниката и да имаат корист од неа.
Таткото на Горди првично беше скептичен. Тој знаеше за контроверзиите околу техниката, меѓутоа колку повеќе гледаше, толку повеќе му стануваше јасно дека тоа беа зборови само и само на Горди. Токму со терапевтката Паркинсон Горди успеа да го напише писмото до полицаецот за тоа како е да се биде аутистичен.
Во средата попладнето, Горди седеше со Паркинсон на мала маса за неговите неделни часови терапија. Таа имаше подготвено кратка лекција за него. Со тастатурата во воздухот, Горди започна да одговара на сите прашања на Паркинсон.
Родителите на Горди велат дека тие продолжија да се восхитуваат на неговото знаење, бидејќи тој научи да комуницира.
Во продолжение е неговото писмо:
„Моето име е Горди и јас сум тинејџер со аутизам кој ме спречува да зборувам. Повеќе го сакам овој термин отколку ниско функционално, бидејќи со тоа што го пишувам ова писмо, јас очигледно дека функционирам. Се чувствувам доста силно додека ти го пишувам ова писмо, и со тоа што давам повеќе увид за исклучените поврзувања кои треба да направат мојот мозок и моето тело да работат заедно во хармонија. Но тие не работат и тоа е во ред. Видете, животот за мене и за другите како мене е секојдневна игра. Мојот мозок е сличен како вашиот, знае што сака. Моето тело, кое е како пијано, шест годишно дете, се противи.
Ова писмо не е повик за милост, сожалувањето не е нешто што го барам. Се сакам себеси онаков каков што сум, со моето пијано тело на шест годишно дете. Ова писмо е крик за внимание, прифаќање и признавање. Со твоето внимание, можам да ти помогнам да ги препознаеш знаците на аутизам. Ако можеш да ги препознаеш знаците, тогаш ќе можеш да ги препознаеш нашите разлики што води до сфаќање на овие разлики, со што доаѓаат чудата на прифаќањето. Со овие едноставно состојки, заедно можеме да создадеме безбедна и среќна природна средина и со аутистите и со не-аутистите.
Физичките знаци кои треба да се бараат се замавнување со рацете или некое друго општествено неприфатливо движење, зборови, звуци или однесување. Ова не може да се контролира. Со ум и чувства како и останатите, дали навистина веруваш дека вака реагираме? Јас не верувам.
Ако една личност стане агресивна, со касање и удирање, очигледно дека треба да се заштитиш себеси но не постои причина да користиш насилност за возврат. Запомни, насилството е неконтролирана акција, и најчесто е предизвикана од стравот.
На луѓе како нас, најмногу им значи почитта. Со сигурност ти кажувам дека е полесно доколку ова го знаеш.
Немам ништо освен почит за тебе и за се' што правиш. Ако не беше ти, јас никогаш не би ја имал можност да се залагам за себеси и за другите аутистични лица. Едвај чекам да те запознаам“,
Искрено,
Горди