X
 09.10.2023 Здравје

Откриена врска помеѓу аутизмот и адитив во пластиката

Во последните неколку децении забележано е алармантно зголемување на дијагнозите на нарушувања од спектарот на аутизам и нарушувања на хиперактивноста со дефицит на внимание (АДХД), открива најново научно истражување.

Една нова студија укажува на потенцијалната улога на бисфенол А (БПА), вообичаен адитив во пластиката, во овој алармантен тренд. БПА е сеприсутна компонента во процесите на производство на пластика, често присутна во пакувањата за храна и пијалаци. Претходните научни истражувања ја поврзаа БПА со хормонални нарушувања, вклучувајќи рак на дојка и неплодност.

Истражувањето било спроведено од научници од Универзитетот „Роуан“ и Универзитетот „Ратгерс“ во САД. Научниците конкретно го испитувале процесот на глукуронидација, хемиски механизам што телото го користи за отстранување на токсините од крвотокот преку урината.

Резултатите од истражувањето ја истакнаа забележливата разлика во способноста на децата со аутизам и АДХД ефикасно да ја елиминираат БПА и поврзаното соединение наречено диетилхексил фталат (ДЕХП). Овој новооткриен недостаток потенцијално ги изложува овие деца на подолги периоди на токсичните ефекти на овие хемикалии.

Кај децата со аутизам, детоксикацијата се намалила за приближно 11 отсто, додека кај децата со АДХД таа е намалена за 17 отсто во споредба со контролната група.

Научниците сугерираат дека генетските мутации кај одредени индивидуи го попречуваат правилното отстранување на БПА од телото со тоа што дозволуваат супстанцијата да се задржува и потенцијално да влијае врз развојот и функцијата на невроните.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје