Кај луѓето што имаат еден десетчасовен работен ден неделно се зголемува ризикот за срцев удар за една третина, во споредба со оние што немаат прекувремени часови, открива француско истражување.
Истражувачите, кои го разгледувале влијанието на работните култури врз кардиоваскуларното здравје, откриле дека луѓето што рекле дека работат 10 часа или повеќе најмалку 50 дена во годината имале околу 29 отсто поголема веројатност да имаат срцев удар.
Оние што работеле долги работни часа во период од 10 години или повеќе биле уште повеќе изложени на ризик, со 45 отсто повисоки шанси за удар.
- Како лекар, ги советувам моите пациенти да работат поефикасно и да планираат да го следат мојот совет - вели водечкиот автор на истражувањето, д-р Алексис Деката од Францускиот национален институт за здравство и медицински истражувања.
Резултатите од анкетите за животниот стил и интервјуата со 143.592 учесници на возраст од 18 до 69 години, кои биле следени во редовни интервали од 2012 година, се уште позагрижувачки за Британците, кои имаат најдолго работно време во ЕУ. Британците во просек работат 42 часа неделно, во споредба со Французите, Италијанците и Белгијците кои работат 39 часа неделно, додека Данците работат 37 часа.
Француските работници имаат посебни заштитни мерки што го спроведуваат нивното право на исклучување надвор од работните часови, кога компаниите не смеат да вршат притисок врз вработените да одговорат на е-пораките надвор од работното време.
Изненадувачки, истражувањето покажа дека ризикот од срцев удар е најизразен кај помладите
работници, на возраст под 50 години.
- Ова е сосема неочекувано - вели д-р Деската.